Варди се враќа во англискиот фудбал!?

39-годишниот напаѓач, Џејми Варди би можел да се врати во англискиот фудбал каде и ќе ја заврши кариерата.

Гласините велат дека Варди ќе потпише за Шефилд Венздеј, неговиот клуб од детството кој сега игра во Лига 1 (трета лига).

Шефилд Венздеј испаднаа од Чемпионшип минатата сезона откако беа казнети и им беа одземени 18 бодови.

Во меѓувреме клубот беше преземен од американски сопственици и има амбиции за во иднина.