Брутална тепачка меѓу навивачи на Динамо и Хајдук среде аеродромот во Загреб (ВИДЕО)
Навивачите на Хајдук се враќале од Литванија по победата на нивниот тим против Жалгирис (5-2) во Конференциската лига, а на паркингот пред загрепскиот аеродром ги пречекала група навивачи на „модрите“. Набрзо дошло до физичка пресметка во која, според првичните информации, учествувале околу 50 лица. На социјалните мрежи се појавија снимки од инцидентот на кои се гледа поголема група луѓе во физичка пресметка на паркингот. Подоцна беше објавена и втора снимка која покажува уште пожестоки сцени од конфликтот.
На неа се гледа како повеќе лица удираат навивач кој веќе се наоѓа на земја, додека случајни минувачи се обидуваат да ја прекинат пресметката и да спречат посериозни последици.