Рим засекогаш негов дом: Пелегрини ѝ останува верен на својата прва љубов!

Италијанскиот фудбалер, Лоренцо Пелегрини, ја продолжи соработката со Рома и потпиша нов договор со клубот од италијанската престолнина до 2027 година.

Пелегрини е дете на Рома и речиси целата кариера ја мина во клубот во кој ги направи првите фудбалски чекори. Досега има одиграно повеќе од 300 натпревари во дресот на „волчицата“.

„Како фудбалер кој ги помина сите младински категории на академијата на Рома, Пелегрини ќе ја продолжи кариерата носејќи ги нашите бои. Одлуката на Лоренцо со задоволство да ја прифати понудата покажува дека целосно ги прифаќа визијата, проектот и вредностите на Рома“, соопштија од клубот.

Италијанскиот фудбалер минатата сезона одигра 33 натпревари, на кои постигна седум голови и запиша четири асистенции. Рома новата сезона во Серија А ќе ја започне на 24 август, кога на домашен терен ќе ја пречека Фиорентина.