Брутална тепачка меѓу навивачи на Динамо и Хајдук среде аеродромот во Загреб (ВИДЕО)

Огромен хаос се случил на аеродромот во Загреб, каде што дошло до масовна пресметка меѓу припадници на Бед Блу Бојс и Торцида, навивачките групи на големите хрватски ривали Динамо Загреб и Хајдук.

Навивачите на Хајдук се враќале од Литванија по победата на нивниот тим против Жалгирис (5-2) во Конференциската лига, а на паркингот пред загрепскиот аеродром ги пречекала група навивачи на „модрите“. Набрзо дошло до физичка пресметка во која, според првичните информации, учествувале околу 50 лица. На социјалните мрежи се појавија снимки од инцидентот на кои се гледа поголема група луѓе во физичка пресметка на паркингот. Подоцна беше објавена и втора снимка која покажува уште пожестоки сцени од конфликтот.

На неа се гледа како повеќе лица удираат навивач кој веќе се наоѓа на земја, додека случајни минувачи се обидуваат да ја прекинат пресметката и да спречат посериозни последици.

@_white_boys_1950_ BBBjezi🏃‍➡️🏃‍➡️🏃‍➡️ #ultras #hajduk #torcida ♬ izvorni zvuk - _white_boys_1950_