Симеоне откри што се случува со Алварез: Клубот донесе одлука!

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне зборуваше за иднината на Хулијан Алварез, кој покажа интерес да потпише за Барселона, но најверојатно такво нешто нема да се слулчи.

Симеоне кажа дека клубот има јасен став за Алварез, а тоа е дека сака да го задржи без разлика на интересот на ривалот.

„Ситуацијата е јасна. Клубот донесе одлука, а тоа го објасни и Мигуел Анхел. Задоволни сме што имаме таков фудбалер во тимот. Ќе му помогнеме да се развива и напредува. Поминавме сличен период и со Гризман“, кажа Симеоне.

Фото: AFA - Selección Argentina