Мурињо воведе строг режим во Мадрид: Ѕвездите мора да почитуваат нови правила!

Португалскиот тренер Жозе Мурињо има намера да воведе ред во Реал Мадрид за да го врати гигантот на врвот, па поради тоа поставил нови правила за фудбалерите .

Шпански „АС“ пишува дека Португалецот вовел правила кои фудбалерите мора да ги почитуваат, а тие се однесуваат на исхрана, доцнење и рехабилитација од повреди.

Клупскиот нутриционист точно одредува како ќе се хранат фудбалерите секој ден, додека претходно имаше само улога на советник, а сега ќе го изработува менито.

Мурињо ќе ги казнува и фудбалерите кои ќе доцнат на тренинг или состанок во кампот на Реал Мадрид. Тој инсистира ѕвездите да се појават пред закажаната средба, а доколку некој задоцни, тогаш ќе следи санкција.

Португалецот забранил и третмани надвор од клубот и барал секој медицински детал да се координира преку стручниот штаб на шпанскиот гигант.

Фото: Real Madrid C.F.