Откриена причината за смртта на НБА кошаркарот
Канцеларијата на судскиот вештак во округот Лос Анџелес утврдила дека смртта на Кларк била последица на предозирање, кое било класифицирано како несреќен случај. Во извештајот се наведува дека биле присутни хероин и кокаин, додека одредени лекови на рецепт биле наведени како дополнителен фактор.
Кларк бил пронајден без свест во својата спална соба, а медицинската екипа која пристигнала на местото можела само да ја констатира неговата смрт. Обдукцијата била извршена ден по трагичниот настан, а официјалниот извештај бил објавен подоцна. Кларк беше избран на НБА-драфтот во 2019 година како 21. пик од Оклахома Сити, но веднаш потоа беше испратен во Мемфис. Во дресот на Мемфис одигра 309 натпревари во регуларниот дел од сезоната во текот на седум НБА-сезони. За време на кариерата во најсилната кошаркарска лига во светот, Кларк просечно постигнуваше 10,2 поени, 5,5 скока и 1,3 асистенции по натпревар. Целата професионална НБА-кариера ја мина во Мемфис, по успешниот колеџ-период на Универзитетот Гонзага.
Неговата смрт претставува голем удар за кошаркарскиот свет, особено имајќи предвид дека Кларк имаше само 29 години и зад себе седум сезони во НБА.