Интер во далечниот Перт му покажа на Јувентус кој е шампион на Италија (ВИДЕО)

Екипата на Интер го совлада големиот ривал Јувентус (2-1) во денешниот пријателски натпревар одигран во Перт (Австралија), во рамки на подготовките за почетокот на новата сезона.

Првото сезонско „Дерби д’Италија“ се одигра далеку од европско тло, а повеќе причини за задоволство имаа „нероаѕурите“. Интер беше подобар во најголемиот дел од средбата, а Димарко и Диуф погодија по еднаш во двете полувремиња и му обезбедија предност од два гола на својот тим. Јувентус успеа да ја направи завршницата поинтересна преку Франциско Консеисао, кој во 85. минута намали на 1-2 и ја врати неизвесноста. „Старата дама“ потоа тргна по израмнување и имаше одлична можност преку Рандал Коло Муани, но не успеа да ја реализира, па Интер ја зачува минималната предност и се израдува на престижна победа над вечниот ривал.

Двата италијански гиганти со овој натпревар ја продолжија подготовката за новата сезона. Интер сезоната ќе ја отвори на 22 август со домашен натпревар против Монца, додека Јувентус еден ден подоцна ќе гостува кај Фросиноне.