Голманката на Вардар првпат ќе се проба во странство – ќе игра во Чешка!
Трансферот денеска официјално го потврди и чешкиот клуб, кој во 25-годишната голманка препозна квалитетно засилување за составот во пресрет на новата сезона. За Илиќ ова ќе биде прв интернационален предизвик по речиси една деценија мината во Вардар. Таа е производ на школата на Металург, а од 2017 година беше дел од Вардар. Со „црвено-црните“ настапуваше и на европската сцена, додека во последните неколку сезони се наметна како една од најдобрите голманки во македонскиот женски ракомет.
Добрата форма ѝ донесе и место во македонската репрезентација, а преселбата во Чешка ќе биде ново поглавје во кариерата на 25-годишната чуварка на мрежата.