Тиквеш гостува кај Башкими, а Брегалница го пречекува Арсими

Денеска ќе се одиграат два натпревари во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а програмата ја отвораат Башкими и Тиквеш, по што следи средбата меѓу Брегалница и Арсими.

Башкими доживеа катастрофа на стартот на сезоната против Силекс (0-6), па сака во Куманово да оствари триумф над Тиквеш, додека кавадарчани пристигнуваат на гостувањето по „петардата“ (5-1) против Арсими.

Рахман Асани вели дека ги очекува тежок натпревар, но целта е да остварат победа и да запишат три поени.

„Пред нашите навивачи нè очекува исклучително важен дуел против Тиквеш. Се соочуваме со квалитетен и добро организиран состав, но Башкими на домашен терен секогаш диктира темпо и игра со посебна енергија“, кажа Асани.

Натпреварот во Куманово меѓу Башкими и Тиквеш се игра со почеток од 17 часот.

Брегалница под рефлектори во Штип ќе го пречека Арсими во натпревар во кој двете екипи ќе се борат за првите бодови во новата сезона.

Штипјани во првото коло беа поразени со 0-2 од шампионот Вардар, додека Арсими доживеа катастрофа против Тиквеш (1-5).

„Свесни сме дека нe очекува тежок натпревар против Брегалница. Го знаеме квалитетот на противникот, но веруваме во нашите можности и во работата што ја завршивме на тренинзите. Во Штип патуваме со јасна цел  да освоиме позитивен резултат“, вели капитенот на Арсими, Арѓенд Гафури.

Мечот меѓу Брегалница и Арсими се игра во Штип со почеток од 19 часот.

Фото: Брегалница ФК