Чудна ситуација во Барселона: Двајца капитени си заминаа летово, третиот е тешко повреден

Барселона ќе мора да бара нов капитен за новата сезона по чудните околности кои им се случија на досегашните.

Познато е дека каталонскиот клуб има петмина капитени, минатата сезона номинално прв беше Марк Андре Тер Штеген, но тој речиси и не бранеше бидејќи Ханси Флик уште пред почетокот на кампањата му даде до знаење дека не смета на него. Зад него беше Роналд Араухо кој исто така долго не играше поради психички проблеми. Останатите тројца беа Френки де Јонг, Педри и Рафиња.

Во новата сезона во екипата ќе ги нема првите двајца капитени Тер Штеген и Араухо кои се испратени на позајмици во Ајакс, односно Ливерпул. Флик долго време нема да може да смета на Де Јонг кој повреден си замина од Светското првенство и не е исклучено да биде во аут до крајот на 2026 година.

Флик и фудбалерите сега ќе мораат да изберат нов капитен или петмина капитени кои ќе ја држат соблекувалната. Во вакви услови не е исклучено Де Јонг да биде прв капитен бидејќи тој има најдолг стаж во првиот тим на Барселона, а зад него да биде Педри.