Паника околу Синер: Беше на лекарски прегледи, неизвесен настапот во Синсинати
Според информациите, Синер поминал неколку часа во специјализирана клиника, каде што бил подложен на дополнителни медицински контроли. Причина за прегледите е воспаление на десното колено, кое било под постојан надзор на неговиот медицински тим.
Иако првичните информации предизвикаа страв дека Италијанецот би можел да го пропушти и турнирот во Синсинати, последните извештаи се пооптимистички. Медицинските резултати не покажале сериозна повреда, а Синер веќе се вратил на тренинзите и се очекува да отпатува во САД доколку не се појават нови компликации.
Светскиот рекет број еден претходно се повлече од Мастерсот во Монтреал за да му даде приоритет на закрепнувањето и да го намали физичкиот напор по освојувањето на Вимблдон. Од неговиот тим порачаа дека здравјето останува главен приоритет во пресрет на последниот Грен слем во сезоната.
Настапот на Синер во Синсинати ќе зависи од неговата состојба во наредните денови, а конечната одлука се очекува непосредно пред почетокот на турнирот. Доколку биде подготвен, Италијанецот ќе биде меѓу главните фаворити за титулата, а потоа и за настап на УС Опен.
Настапот на Мастерсот во Синсинати кој почнува идната недела веќе го откажа Карлос Алкараз кој е во аут од април.