Италијански петтолигаш доби неверојатен стадион од 62 милиони евра (ВИДЕО)

Италијанскиот петтолигаш Таранто доби стадион со 20.000 седишта откако неговиот стар дом беше реконструиран во проект вреден 62 милиони евра.

Стадионот ќе го задржи името „Ерасмо Јаковоне“, кој од 1978 година го носи по починатиот напаѓач на Таранто, а ремонтот е извршен пред Медитеранските игри.

Свеченото отворање на стадионот е закажано за 31 август, односно на денот на стартот на натпреварувањето.