Македонските кадети триумфираа над Фарски Острови и се пласираа на СП
Кадетите на Македонија одиграа добро прво полувреме во кое беа поуспешни од ривалот со 18-13, а добро тргнаа и во вториот дел кога стигнаа до плус седум (24-17).
Фарски Острови успеа да возврати со неверојатна серија од 7-0 за да израмни на 24-24, но Македонија не дозволи пресврт и во финишот го скрши ривалот за победа од 34-32.
Стефан Ѓоргиевски беше најефикасен кај Македонија со осум голови, додека Скипаготу постигна 12 погодоци за Фарски Острови.
Фото: РФМ