Ѓорческа го предаде мечот против Ковачкова по 52 минути борба!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го заврши натпреварот против Алена Ковачкова од Чешка во осминафиналето на турнирот во Лајпциг.

Ѓорческа го загуби првиот сет со 1-6, додека во вториот Ковачкова водеше со 2-1, по што македонската тенисерка реши да се предаде.

Засега нема официјална информација за повлекувањето на Ѓорческа, но најверојатно станува збор за повреда за која се очекува дополнителна потврда.