Шок во Мадрид: Барселона сака да му го украде планираното засилување на Реал

Барселона се вклучи во борбата за шпанскиот репрезентативец Родри и веќе одржала разговори со неговите претставници, со што го загрози планот на Реал Мадрид за потпис со искусниот фудбалер.

Дел од шпанските медиуми објавија дека спортскиот директор на Барселона, Деко веќе бил во Мадрид да одржи преговори, а сега информацијата ја потврди и најпознатиот спортски инсајдер Фабрицио Романо.

Иднината на 30-годишниот фудбалер е една од главните теми во летниот преоден рок, откако стана јасно дека Родри ќе го напушти Манчестер сити.

Реал Мадрид преговараше со Родри и беше уверен дека ќе го добие неговиот потпис, меѓутоа Барселона се вклучи во трката и му направи проблеми на вечниот ривал.

Причината за интересот на Барселона за Родри е повредата на Френки Де Јонг, кој се очекува долго да паузира.