Официјално: Реал Мадрид го комплетира најскапиот трансфер во клупската историја!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид продолжува со засилувањата за следната сезона, па така денеска го потврди најскапиот трансфер во клупската историја, а тоа е Јан Диоманде кој доаѓа од Лајпциг.

Според информациите, „кралевите“ за услугите ќе платат 125 милиони евра веднаш плус 15 милиони евра преку бонуси, со што трансферот ќе достигне 140 милиони евра и така ќе го урне претходниот рекорд на Џуд Белингам.

Диоманде постигна договор со „кралевите“ кој ќе важи дури седум години, односно до 30 јуни 2033 година.

Фото: RB Leipzig