Два гола и асистенција на Меси, куп победа за Интер Мајами! (ВИДЕО)
Мексиканците поведоа со гол на Родригез уште во четвртата минута, а потоа на сцена стапи Меси.
Само седум минути подоцна Меси постигна гол за израмнување на 1-1.
До крајот на првото полувреме Интер Мајами буквално го уништи својот противник. Најпрво Шеговија даде гол за 2-1, а потоа Меси со својот втор гол зголеми на 3-1.
Пред паузата Меси беше во улога на асистент, а голот го постигна Микаел за 4-1.
Конечните 4-2 беа дело на Љоренте по шест минути игра во вториот дел.