Артета ја почнува операцијата „Винисиус“: Арсенал ќе урне рекорд за Бразилецот

Англискиот шампион Арсенал подготвува понуда за бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор, а шпански „АС“ пишува дека тренерот Микел Артета лично ја предводи операцијата за ангажман на ѕвездата на Реал Мадрид.

Лондонскиот клуб, наводно, бил подготвен да плати дури 150 милиони евра за услугите на Винисиус и со тоа ќе постави нов клупски рекорд.

Рекордот во моментов го држи Деклан Рајс кој пристигна од Вест Хем за неверојатни 116 милиони евра.

Артета верува дека бразилскиот фудбалер е вистински избор за „топчиите“ и големо засилување кое треба да помогне во одбраната на титулата.

Фото: Facebook/Arsenal