Еуфорија меѓу навивачите: Возиња пречекан како суперѕвезда во новиот клуб (ВИДЕО)

Голманот на Зеленортските острови, Возиња стана нов член на чилеанскиот клуб Коло-Коло, а пристигна како слободен агент по неверојатниот настап на Светското првенство (СП).

Возиња имаше спектакуларен пречек од навивачите на аеродромот „Артуро Мерино Бенитез“, а на интернет беа објавени и снимки од дочекот.

Чуварот на мрежата за само неколку недели стана вистински хит на СП, а неговиот Инстаграм буквално „експлодира“ и има речиси 30 милиони фанови.