ПСЖ е пред Јувентус во трката по Сузуки, Французите испратија конкретна понуда
Главни во трката по Зион Сузуки се ПСЖ и Јувентус, а инфомациите велат дека во моментов францускиот тим е во предност.
Наводно ПСЖ испратил официјална понуда до Парма во висина од 33 милиони евра со вклучени бонуси.
ПСЖ исто така му го презентирал проектот на Сузуки. Тој веројатно нема да биде прв голман веднаш, но брзо треба да застане меѓу стативите.