Блатер со порака до Инфантино: ФИФА не е приватен инвестициски фонд!

Поранешниот претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер го критикуваше актуелниот прв човек на федерацијата, Џани Инфантино поради идејата да продаде дел од комерцијалните права на приватни инвеститори.

Блатер се приклучи на критиките кон Инфантино кои пристигнаа од повеќе страни поради идејата за создавање на компанија преку која ќе се продаваат удели во натпреварувањата на ФИФА.

„ФИФА е здружение кое има статут, правила и одговорност да го штити светскиот фудбал. Ако го продадете бисерот на светскиот фудбал на приватни инвеститори, ќе продадете и дел од самата игра, посебно нејзината душа. Парите се важни, но никогаш не се поважни од фудбалот“, кажа Блатер.