Лукаку сè поблиску до разделба со Наполи, веќе добил понуда од МЛС

Ромелу Лукаку наскоро би можел да стави крај на епизодата во Наполи и да ја продолжи кариерата во МЛС-лигата, од каде што добил понуда во претходните денови.

Белгискиот напаѓач привлече голем интерес од американската лига и наводно му нудаат примамливи услови за да потпише договор.

Лукаку е отворен за заминување од Наполи, а засега не се открива во кој тим би ја продолжил кариерата.

Белгиецот претходно играше за Челси, Евертон, Манчестер јунајтед, Интер и Рома.

Фото: Facebook/SSC Napoli