Де Брујне не е среќен во Наполи: Белгиецот е подготвен за авантура во Турција

Белгискиот фудбалер Кевин Де Брујне ова лето би можел да направи нов трансфер, поради тоа што не е задоволен со статусот во Наполи, а како негова следна дестинација се споменува Галатасарај.

Турскиот клуб подготвува примамлива понуда за Де Брујне, кој треба да биде големо засилкување за Галатасарај во борбата за титулата.

Де Брујне минатата сезона настапи на 21 меч за Наполи, а притоа постигна пет голови и четири асистенции.