Паника на „Енфилд“: Тотнем краде една од ѕвездите на Ливерпул

Во тек е летниот преоден рок, а наскоро би можеле да видиме уште една „бомба“ во режија на Тотнем кој покажал интерес за фудбалерот на Ливерпул, Коди Гакпо.

Лондонскиот тим долго време ја следи ситуацијата со холандскиот репрезентативец, а според медиумите Тотнем веќе стапил во контакт со претставниците на Гакпо.

Гакпо наводно е заинтересиран за преселба во Тотнем, a неговата вредност во моментов се проценува на 60 милиони евра.

Фото: Tottenham Hotspur