Киву побара уште едно засилување за Интер до крај на преодниот рок!

Кристијан Киву по натпреварот меѓу Интер и Манчестер сити (1-1) кажа дека му е потребно уште едно засилување во тимот, кое ќе игра на позицијата крило.

Тренерот на Интер посочи дека сè уште има потреба од уште еден фудбалер во неговиот тим за да биде комплетен за новите предизвици во следната сезона.

„Ми недостига едно крило на левата страна. Имаме тројца во моментов, но сè уште имам потреба од уште еден фудбалер. Има време до крајот на летниот преоден рок, ќе бидеме трпеливи и ќе донесеме одлука“, кажа Киву.

Фото: www.inter.it