Скандал ја тресе ФИФА: Инфантино сакал плата од 30 милиони долари годишно!?

Нов скандал го тресе раководството на Светската фудбалска федерација, откако британски „Тајмс“ објави дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино ја разгледувал можноста да си ја зголеми платата на неверојатни 30 милиони долари годишно плус бонуси, доколку успеел проектот за продажба на удел од Светското првенство (СП) на приватни инвеститори.

„Тајмс“ пишува дека станувало збор за позиција во компанијата која управува со Мундијалот и останатите големи турнири под капата на ФИФА, а Инфантино наводно зборувал за големи финансиски можности и по 2031 година, кога требало да заврши неговиот мандат како претседател на ФИФА.

Ова е уште еден голем удар за Инфантино, откако во претходниот период УЕФА и останатите федерации се спротиставија на неговата идеја за продажба на удел во тунририте, по што мораше ФИФА да се повлече од планот.