Магија на Суарез: Гол од 40 метри кој го воодушеви светот (ВИДЕО)

Луис Суарез уште еднаш ја покажа својата фудбалска класа, откако приреди вистинска магија на теренот со спектакуларен гол од 40 метри на дуелот меѓу Интер Мајами и Колумбус Кру (2-2).

Суарез забележа дека противничкиот голман беше далеку од својот гол, па без многу размислување испрати удар кој заврши во мрежата на ривалот.

Во центар на внимание беше и Бразилецот Касемиро, кој си постигна автогол за 1-1.

До крајот на натпреварот во листата на стрелци се запишаа и Ноа Ален кај Интер Мајами и Браиз Мендез кај Колумбус.

Фото: Inter Miami CF