Еден од најдобрите фудбалери на Челси потпиша нов договор!

Челси се договори со еден од своите најдобри фудбалери Жоао Педро за продолжување на договорот до 2033 година.

Бразилскиот напаѓач потпишува договор кој ќе важи уште седум години, а ќе добие значително зголемување на платата.

Одлуката на „сините“ доаѓа по интересот кој го покажа Барселона за потписот на Педро, меѓутоа бразилскиот фудбалер јасно кажа дека сака да остане на „Стемфорд бриџ“.