Тотнем со победа против Челси го освои „Сиднеј Суперкупот“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тотнем триумфираа на Сиднеј Суперкупот, откако славеа со 2-1 против Челси во драматична завршница.

Тонали донесе предност за Тотнем на стартот на натпреварот, но набрзо Челси го возврати ударот и погоди преку Естевао за 1-1.

Проблемите за Тотнем почнаа со црвениот картон на Дансо, кој го спречи Жоао Педро во контра-напад. Сепак, Челси не ја искористи предност од фудбалер повеќе на теренот и прими гол во последните секунди од Ришарлисон.

Фото: Tottenham Hotspur