Винисиус не сака да попушти, ситуацијата станува тензична!
За таа цел Реал му даде ултиматум на Винисиус, да го потпише договорот кој му е понуден или да прифати да биде продаден.
Последните информации велат дека Винисиус не сака да ги намали своите високи барања и не планира да го потпише договорот кој му го нуди Реал Мадрид. Не е проблем само платата, туку и проценти од имиџ правата.
Доколку Винисиус не прифати ниту договор, а одбива да биде продаден, големи се шансите да го загуби стартното место во тимот, дури и да биде преселен на трибините.
Арсенал будно ја следи ситуацијата и сака да го купи Винисиус. Но, во овој момент не е јасен ставот на фудбалерот, се знае само дека не ја прифаќа понудата на Реал Мадрид.