Објавен е документ: ФИФА подготвува нова револуција за СП 2030
Според информациите на инсајдерот Мартин Зиглер, ФИФА на 14 август ќе донесе одлука за можно зголемување на бројот на учесници на дури 64 репрезентации на Мундијалот во 2030 година.
Турнирот треба да го организираат Шпанија, Португалија и Мароко, додека по повод 100-годишнина ќе се играат дуели и во Уругвај, Аргентина и Парагвај.
Наводно веќе е подготвен интерен документ со кој ФИФА ќе почне официјални консултации за новиот формат, по кои треба да донесе конечно решение за тоа колку ученици ќе има Мундијалот.
Фото: Selección Española de Fútbol (SeFutbol)