Трагедија во Романија: Комбе со членови на Динамо излетало од патот (ВИДЕО)
Потврдено е дека еден член на Динамо Букурешт го загубил животот, а станува збор за Константин Ковачиу кој бил дел од стручниот штаб на тимот.
Покрај членот на Динамо, настрадал и возачот на комбето, во кое се возеле вкупно 16 членови на клубот.
Според првичните информации, несреќата се случила кога наводно возачот доживеал срцев удар, по што загубил контрола врз возилото.