Робев останува во „Градски парк“ - потпиша нов договор со Работнички!
Македонскиот репрезентативец Дамјан Робев прв ја продолжи верносните кон клубот. Искусниот бек пристигна во Градски парк во 2024 година од редовите на МЗТ Скопје и веднаш се наметна како еден од главните адути во тимот на тренерската палка на Владимир Мирковски.
Зад себе има стабилна сезона во која настапи на 26 натпревари, реализирајќи во просек по 9,7 поени, 4,8 скока и 4,5 асистенции по меч.
Потписот со Робев е само почеток, во наредниот период се очекуваат нови потписи со дел од останатите играчи, со кои Работнички ќе ја нападне шампионската титула во новата кампања.