Браво поведе, Шкендија израмни - реми по првото полувреме!
Словенечкиот тим поведе со прекрасен гол на Станковиќ во 17. минута.
Шкендија со сите сили се обидуваше да го изедначи резултатот, тоа им успеа во 36. минута кога Јован си постигна автогол.
Со резултат од 1-1 се замина на одморот. Шкендија мора да победи ако сака да го мине второто квалификациско коло во Конференциската лига. Браво првиот меч го доби со 2-1 и уште ја чува предноста од еден гол.