Баерн стави на продажба трио на кое потроши 100 милиони евра
Баварскиот гигант е подготвен уште ова лето да ги разгледа понудите за тројцата играчи, а како најголемо разочарување е означен португалскиот играч за врска Палхиња.
Тој пристигна во Баерн од Фулам во јули 2024 година за трансфер вреден 51 милион евра, но не успеа да се наметне во тимот и неговата приказна на „Алијанц арената“ завршува по само една сезона. Минатата година настапуваше како позајмен фудбалер во Тотнем.
На излезната врата е и Саша Бој, кој пред две и пол години беше купен од Галатасарај за 30 милиони евра. Оваа пролет беше вратен во истанбулскиот клуб на краткорочна позајмица, но неговиот статус не се промени. Шесткратниот европски шампион за него бара околу 15 милиони евра, а наводно интерес има и од Премиер лигата.
Третото име на списокот е Брајан Сарагоса, кој пристигна во истиот преоден рок како Бој за 17 милиони евра. По позајмиците во Осасуна, Селта и Рома, како и само седум настапи за тимот од Минхен, дојде време за разделба.
Според тоа, шампионот на Бундеслигата практично „фрли“ 98 милиони евра на тројцата фудбалер кои заедно одиграа 70 натпревари во кои имаат еден гол и пет асистенции..