Остра реакција од Германија: Забранете му на Инфантино влез на сите стадиони!
Биндер со овој потег сака да испрати порака против контроверзните планови на раководството на ФИФА, пишуваат германските медиуми.
Во центарот на спорот е планот на ФИФА комерцијалните права за Светското првенство, Светското клупско првенство и останатите натпреварувања да ги префрли на нова компанија. Во таа фирма удели би можеле да купуваат и приватни инвеститори.
Предлогот беше објавен оваа недела и веднаш предизвика жестоки реакции.
„Предлогот на Инфантино за продажба на комерцијалните права на Светското првенство на инвеститори е последниот во низата погрешни чекори и штетни одлуки. За да испратите симболична порака, барам од вас да му забраните на Џани Инфантино пристап до сите стадиони на германските клубови“, истакна Биндер.
Претходно денес УЕФА објави соопштение во кое јасно стави до знаење дека сите европски репрезентации ќе ги бојкотираат натпреварувањата на ФИФА, ако продажбата се реализира.