Меси почна да тренира со Интер - само 10 дена по болниот пораз во финалето на СП (ВИДЕО)

Лионел Меси повторно е на тренинзите на Интер Мајами и тоа само десет дена по болниот пораз на Аргентина од Шпанија во финалето на Светското првенство.

Клубот од МЛС објави видео на кое 39-годишниот капитен на аргентинската репрезентација излегува на тренинг заедно со својот долгогодишен соиграч Луис Суарез, со што стави крај на кратката пауза по Мундијалот. По финалето одиграно на 19 јули во Њу Џерси, во кое „гаучосите“ претрпеа минимален пораз, Меси замина во родниот Росарио, каде што ги мина изминатите денови со своето семејство.

Веднаш по натпреварот призна дека поразот многу го погодил.

„Болката е огромна и ќе биде потребно многу време за да зарасне оваа рана“, порача тогаш аргентинската легенда.

Меси на Светското првенство се обидуваше да ја освои втората светска титула со Аргентина по ред, но засега сè уште не е познато дали ќе продолжи да настапува за националниот тим. Тренерот на Интер Мајами, Гиљермо Ојос, претходно изјави дека ниту за Меси ниту за неговиот клупски и репрезентативен соиграч Родриго де Паул не бил одреден точен датум за враќање, нагласувајќи дека по физички и психички исцрпувачкиот турнир им било потребно дополнително време за одмор.