Се менува ситуацијата со Винисиус и Арсенал?

Бразилецот Винисиус Жуниор сè уште нема потпишано нов договор со Реал Мадрид, а во последните денови многу се пишуваше за интересот на актуелниот англиски шампион Арсенал.

Според информациите на „Телеграф“, „Топџиите“ биле подготвени да го направат Винисиус најплатен фудбалер во историјата на клубот.

Сепак, она што изгледаше како реална можност Бразилецот да го напушти Мадрид и да се пресели во Арсенал, особено по трансферот на Јан Диоманде од Лајпциг во Реал за повеќе од 120 милиони евра со вклучени бонуси, сега не изгледа баш така.

Најновите информации кои пристигнуваат од Англија речиси целосно ја отфрлаат можноста за реализација на трансферот меѓу Винисиус и Арсенал.

„Скај Спортс“ објави дека Реал Мадрид нема намера да го продаде Бразилецот за да заработи од неговиот трансфер и да спречи негово бесплатно заминување во 2027 година.

Напротив, во мадридскиот клуб се убедени дека Винисиус ќе ги прифати условите за продолжување на договорот и дека ќе ја продолжи кариерата на „Сантијаго Бернабеу“