Македонија прокоцка водство од седум разлика - пораз од Словенија!

Ракометната репрезентација на Македонија до 18 години со пораз од Словенија го почна настапот на Европското првенство кое се одржува во Белград, Србија. Загубивме со 30-33, иако неколкупати водевме и со седум голови разлика.

Воведниот дел од натпреварот мина во рамноправна игра, но нашата репрезентација постојано водеше. Имавме предност од 10-8 кога почнавме серија од 5-0 и прво водство од седум разлика, 15-8. На полувремето водевме со 18-12.

Во вториот дел при наше водство од 22-15, Словенија почна неверојатна серија од 6-0 со која намали на 21-22, а брзо потоа го сврте и резултатот во своја полза. Словенците го добија мечот со 33-30.

Најефикасни во нашата селекција беа Христијан Вујичевски и Траје Костов со по шест голови.

Следниот натпревар на Македонија е веќе утре, исто така од 12 часот, противник ни е селекцијата на Франција.