Тренчовски го доби најголемиот предизвик во кариерата - ќе води словенечки гигант!

Maкедонскиот стратег Југослав Тренчовски e нов тренер на словенечкиот гигант Олимпија.

Тимот од Љубљана во текот на вчерашниот ден се раздели со тренерот Мишо Бречко и очигледно не чекал долго да му пронајде замена. 

Во Олимпија Тренчовски ќе му соработува и со напаѓачот Димитар Митровски. Претходно последниот ангажман Тренчовски го имаше во екипата на Радомље со која оствари солидни резултати и клубот го напушти со желба да направи исчекор во кариерата.

Водењето на Олимпија за Тренчовски ќе биде најголемиот предизвик досега во неговата тренерска кариера бидејќи ќе предводи еден од двата најтрофејни словенечки клубови.