Агент објасни како Левандовски пропуштил да земе 200 милиони евра!
Неговиот агент, Пини Захави, сега објаснува како Левандовски пропуштил да заработи 200 милиони евра, а причината е неговата љубов кон Барселона.
„Во декември оваа година Роберт имаше понуда за двегодишен договор вреден 100 милиони евра по сезона. Тој одби бидејќи сакаше да остане во Барселона. Понудата важеше само за зимскиот преоден рок, не и на лето“, открива Захави.
„Роберт сакаше да игра во Саудиска Арабија, најмногу поради квалитетот на животот. Временската разлика меѓу Ријад и Варшава е мала, а летот до Полска е пократок отколку од САД. Но, тој ја одби таа понуда бидејќи ја чекаше Барселона. Го предупредив дека на лето ќе ја нема истата понуда, но тој инсистираше да чека“.
„Претседателот Лапорта сакаше да го задржи да остане уште една сезона. Но, тимот го составуваат Деко и Ханси Флик, а тие сметаа дека тој не е веќе за стартниот состав. Тие имаа поинаква визија за клубот во која нема место за Роберт“.
„Луѓето од Чикаго се бореа за него повеќе од било кој. Реткост е да се види клуб кој толку сака еден играч. Беа неверојатни трпеливи, одлучни и креативни. Направија апсолутно се за да потпишат со Левандовски. Немаше глума, навистина беа луди по него. Му понудија втор најголем договор во историјата на МЛС. Веднаш зад оној на Меси“.