Возиња потпиша со нов клуб и веднаш наиде на неочекуван проблем!
Возиња стана бренд, но голманот на Зеленортски острови нема да може да го користи тој прекар на дресот на Коло Коло.
Неговото правилно име е Жозимар Жозе Евора Дијаш, а неговиот прекар е Возиња.
Причината поради која не може да го има прекарот Возиња на својот дрес е правилникот на чилеанската лига, кој дозволува на задниот дел од дресот да биде испишано само официјалното презиме на фудбалерот, а не прекар или псевдоним. Поради тоа, искусниот голман ќе мора да избере дали на неговиот дрес ќе стои „Евора“ или „Дијаш“, освен ако клубот не успее да обезбеди специјална дозвола од надлежните органи.