Распад-систем во Италија: Малдини и Леонардо си поднесоа оставки!

Само 10 дена по нивното назначување, Паоло Малдини и Леонардо решија да го напуштат Фудбалскиот сојуз на Италија, откако пропадна идејата да го ангажираат Андреа Пирло како нов селектор на репрезентацијата.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Малдини и Леонардо го предложиле Пирло како идеален кандидат за клупата, но првиот човек на федерацијата Џовани Малаго не даде „зелено светло“ за негов ангажман.

Причината за негативниот одговор од Малаго бил договор на Пирло со руска обложувалница, па поради тоа раководството на федерацијата не сакало да го поврзе со националниот тим.

Откако пропадна идејата за ангажман на Пирло, Малдини и Леонардо решија да се повлечат од своите позиции.

Италија ќе продолжи со потрагата по решение кое треба да ја врати репрезентацијата на победнички пат по неколку разочарувачки циклуси.

Фото: FIGC Italian Football Federation