Гогов: Во Вардар сите сме едно семејство, само така можеме до нови победи!
Гогов посочи дека целта е да ги освојат македонското првенство, Купот и Суперкупот, но и да дадат сè од себе во Лигата на шампиони (ЛШ).
„Минатата сезона ги постигнавме нашите цели кои ги поставивме на почетокот. Оваа сезона одиме напред и ќе имаме повисоки цели. Да ги освоиме македонското првенство, Купот и Суперкупот. Да дадеме сè од себе во Лигата на шампиони. Имаме нови ракометари оваа сезона, но ние што сме подолго во тимот ќе се обидеме да им помогнеме побрзо да се прилагодат во новата средина. Ние функционираме како една целина, како семејство за да бидеме сè подобри“, кажа Гогов.
Фото: RK Vardar 1961