Веќе почна борбата: Следниот Мундијал можеби ќе се гледа на Нетфликс и Јутјуб!
Додека се чека официјална потврда за форматот на турнирот, неофицијалните информации велат дека на шампионатот би можеле да настапат дури 64 репрезентации, а веќе започна големата битка за телевизиските права за пренос.
Според информациите на дел од медиумите кој ги следат случувањата во светот на бизнисот, во трката за правата се вклучиле голем број стриминг платформи, меѓу кои Нетфликс, Дизни, како и Алфабет, компанијата во чија сопственост е Јутјуб.
Според моменталните информации, овие компании ќе се обидат да ги откупат правата од телевизијата Фокс. Наводно, целата зделка би можела да достигне вредност меѓу 1,5 и 2 милијарди долари. Преговорите меѓу ФИФА и заинтересираните страни официјално би требало да започнат до крајот на оваа есен. Порталот „Атлетик“ претходно објави дека за своите права за пренос платил 485 милиони долари.