Скандал во Италија: Пирло предизвика бура, назначувањето за селектор стопирано
Како што објави Газета дело спорт, иако договорот беше речиси постигнат, Италијанската фудбалска федерација привремено ги стопираше последните чекори поради контроверзите поврзани со неговиот ангажман како глобален амбасадор на руска компанија. Станува збор за организаторот на игри на среќа Фонбет поради кој Пирло пред два месеца, заедно со Марко Матераци, престојуваше во престолнината на Русија, земја која не е во добри односи со Италија, поради војната во Украина. Дури и клубот каде во моментов работи Пирло, ФК Дубаи, е во сопственост на рускиот олигарх Сергеј Ломакин кој има акции во Фонбет.
„Тој (Пирло) слободно и постојано го нудеше својот престиж за операција за нормализирање на режимот на Путин, учествувајќи во иницијативи што ги користеше пропагандата на Кремљ додека Украина беше бомбардирана. Неговиот избор е сериозна грешка“, рече заменик претседателот на Европскиот парламент Пина Пичерно, а слично мислење дели и европратеникот од „Плус Европа“ Бенедето Дела Ведова:
„Секторот за обложување не е засегнат од европските санкции, но тоа не го менува фактот дека јавна личност со реномето на Андреа Пирло треба да размислува за јавното значење на личните и деловните избори.“
Поради ова прашање се јави Агенцијата за заштита на портошувачите на Италија, Кодаконс која се закани дека ќе го блокира назначувањето на Пирло и ќе го тужи, а челниците на федерацијата сакаат дополнително да ја анализираат ситуацијата пред да донесат конечна одлука. За секој случај, веќе се контактираат други стручњаци кои би можеле да бидат назначени за селектори, а во прв план се Конте, Манчини, Пиоли и Паладино.