Червар ги собра пелистерци, вицешампионот ги „запали моторите“! (ФОТО+ВИДЕО)
Покрај тоа Пелистер го чекаат и настапите во Европа каде што сезонава ќе се натпреварува во Европската лига во група со Гумерсбах, Ла Риоха и Гдањск.

Oсвен доаѓањето на Червар, Пелистер направи и промени во играчкиот кадар доведувајќи ги: Алекса Колаковиќ, Мартин Серафимов, Миха Котар, Омер Мехмедовиќ, Едвин Џелетовиќ, Малик Татар, Ненад Белистојаноски и Диего Басанесе.
Од друга страна клубот го напуштија: Усама Хосни, Богдан Радивојевиќ, Илија Абутовиќ, Домен Тајник и Дејан Манасков.
По првиот дел од подготовките во Битола, Пелситер наредната недела ќе отпатува за Словенија.

