Чурлинов го напушта Кочаелиспор и се сели во Полска (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов води преговори за прекин на договорот со Кочаелиспор, а од турскиот клуб потврдија дека истите треба да бидат завршени в понеделник.

По официјалното раскинување на соработката со турскиот клуб, Чурлинов се очекува да ги финализира последните детали со полскиот прволигаш Видзев Лоѓ и да стави потпис на договор. Полскиот клуб веќе подолго време покажува интерес за услугите на Македонецот, кој има искуство во тамошниот шампионат.

Чурлинов добро ја познава Полска, бидејќи во минатото го носеше дресот на Јагелонија, каде настапуваше како позајмен играч и остави позитивен впечаток. Токму тоа искуство може да му помогне полесно да се вклопи во новата средина.

Во својата кариера Македонецот настапуваше и за германските клубови Штутгарт, Келн и Шалке, а беше дел и од англискиот Барнли.

Фото: Facebook/Kocaelispor