Лукаку ќе си оди од Наполи зашто не сака да му биде резерва на Хојлунд!
Агентот на Лукаку посочич дека неговиот клиент не е подготвен да ја прифати улогата на резервен фудбалер зад Расмус Хојлунд.
„Сигурно не може да остане во Наполи само за да биде резерва на Хојлунд. Ромелу е еден од најдобрите напаѓачи во светот и не сме убедени дека треба да ја прифатиме оваа улога“, кажа Пасторело.
Искусниот напаѓач минатата сезона настапи на седум меча во сите натпреварувања и постигна еден гол.
Фото: Facebook/SSC Napoli